Со општите услови за услугата електронска и мобилна апликација ( во понатамошниот текст: Е&М клиент ) на Микрокредитна Фондација Хоризонти ( во натамошниот текст Хоризонти ) се регулираат основните и општите правила, обврските и одговорностите според кои клиентите ( во натамошниот текст корисници ) на Хоризонти може да ги користат услугите на Е - клиент преку интернет страницата www.horizonti.org.mk и М - клиент преку мобилната апликација на Хоризонти.
1. Услови за користење на услугите на Е&М клиент
Хоризонти го одобрува користењето на услугите на Е&М клиент врз основа на Барање за овозможување за користење на услугите на Е&М клиент.
Хоризонти го задржува правото да го одбие барањето на Корисникот овозможување за користење на услугите на Е&М клиент, без да ги наведе причините за својата одлука.
По обработката на документите и потпишувањето на Општите услови, Хоризонти на корисниците им доделува корисничко име и привремена лозинка за пристап до Е&М клиент. Секој Корисник при првиот иницијален пристап е должен да ја замени привремената лозинката со нова, со што обезбедува безбедносен пристап до личните податоци при понатамошното користење на апликациите.
Корисникот на свој трошок ги обезбедува техничките услови за користење на услугата Е&М клиент ( персонален компјутер, интернет - пристап, мобилен уред и слично ).
Услугата за Е&М клиент се користи лично и единствено од страна на Корисникот и трети лица немаат право на пристап на услугата. Клиентот е одговорен и должен за сите активности кои се превземени во негово име и за негова сметка во системот.
2. Користење на услугите на Е&М клиент
Услугите на Е&М клиент кои се однесуваат на увид во заемите, промените, амортизационите планови, состојбата на долг и online платформата за плаќање, ќе бидат достапни 24 часа дневно. Хоризонти ќе врши ажурирање на податоците на секои 24 часа.
Меѓутоа, Хоризонти не превзема одговорност доколку услугите наведени во претходниот став се привремено недостапни поради технички причини кои се надвор од дометот на Хоризонти.
3. Откажување на услугата и овластувањата во Е&М клиент
Корисникот може да ја откаже услугата Е&М клиент врз основа на писмено барање доставено до Хоризонти.
4. Обврски на корисникот на Е&М клиент
Ако Корисникот на услугата се посомнева дека неговата тајна лозинка е компромитирана, должен е веднаш да изврши промена на лозинката.
За начинот на кој го употребува системот за Е&М клиент, како и за сите извршени трансакции на online платформата за плаќање, целокупната одговорност или евентуална штета ја превзема Корисникот.
Корисникот е должен да врши редовен увид во промените на состојбите и да ги следи и контролира трансакциите направени преку online платформата за плаќање и евентуалните рекламации веднаш да ги пријави на Хоризонти.
Секоја штета настаната со намерна или ненамерна, непрописна употреба на услугите од Е&М клиент од страна на Корисникот, ќе падне на товар на Корисникот.
5. Прекин на услугите од страна на Хоризонти
Хоризонти може привремено или трајно да го отстрани секој Корисник на Е&М клиент, доколку:
- Хоризонти се посомнева дека постои злоупотреба или можност од злоупотреба;
- Корисникот ги прекрши прописите на Општите услови за Е&М клиент;
- Корисникот предизвика сериозни проблеми во работењето на Е&М клиент и со тоа претставува сериозен ризик за системот.
Хоризонти го задржува правото без дополнително објаснување и без најава да изврши исклучување на Корисникот од системот за Е&М клиент.
Хоризонти го задржува правото да врши прекин во услугите на Е&М клиент во случаи кога се превземаат неодложни активности за надградба или одржување на системот, сигурноста и стабилноста на системот.
Хоризонти не превзема никаква одговорност за последиците настанати од настанатиот прекин на услугите.
6. Правила и услови при користење на платформата за електронско плаќање
Корисникот со кликање на копчето ПЛАТИ ќе бидете префрлен на платформата за плаќање со кредитни картички на НЛБ Банка, коа е контролирана и управувана од страна на НЛБ Банка ( во натамошниот текст: Банка ).
Употребата на оваа платформа е објект на правила и услови кои ги поставува Банката и обврска на Корисникот е одговорно да ги прочита, разбере и да се согласи со овие правила и услови пред да ја користи услугата.
Хоризонти не превзема одговорност за достапноста или перформансите или употребата на оваа платформа на Банката. Корисникот ја презема целокупната одговорност од употребата на оваа платформа, и со тоа Хоризонти отфрла било каква обврска кон Корисникот или пак трета страна која е поврзана со користењето на услугата од Банката.
Корисникот при употреба на платформата за електронско плаќање треба да го има во предвид следното:
- Уплатата ќе се смета за извршена кога упатените средства на Корисникот ќе бидат префрлени на сметката на Хоризонти од страна на Банката.
- Уплатата на средствата од Банката спрема Хоризонти ќе биде извршена во рок од 3 работни дена. Хоризонти не превзема никаква одговорност во случај на задоцнета уплата од страна на Банката.
- Хоризонти не може да прифати одговорност доколку плаќањето од кредитна/дебитна картичка на Корисникот е одбиено од страна на Банката од било која причина.
- Во случај Банката да ја одбие исплатата, Хоризонти не е обврзан да го извести Корисникот за овој факт. Во ваков случај Корисникот треба да провери кај Банката, дали плаќањето е одземено од неговата сметка.
- За било какви рекламации во врска со уплатата на средствата, Корисникот е должен да ја следи процедурата на банката за Проблеми и рекламации.
- Корисникот ќе добие СМС нотификација за секоја направена уплата преку Е&М клиент на Хоризонти.
7. Заштита на личните податоци и обезбедување сигурност и доверливост на информациите
Хоризонти се обврзува да ги заштити личните податоци на Корисникот, во согласност со законските прописи и интерните акти.
Со потпишување на условите, корисникот се согласува Хоризонти да врши обработка на личните податоци и истите да ги користи со цел да врши проверка и нивна верификација, како и при анализа на другото работење на Корисникот преку Хоризонти.
Хоризонти гарантира за доверливоста и за интегритетот на податоците до моментот на нивното излегување од информативниот систем на Хоризонти. Хоризонти не сноси одговорност за проблемите настанати поради технички проблем или привремен прекин во работата на системот на Хоризонти или на серверите или мрежните поврзувања на интернет – провајдерите.
Корисникот се обврзува дека системот на Е&М клиент ќе го користи во согласност со Општите услови и ќе го извести Хоризонти за сите неправилности во користењето.
Секое користење на системот на Е&М клиент кое е спротивно на Општите услови повлекува автоматско одземање на правото за користење и преземање мерки во согласност со законските прописи.
8. Завршни одредби
Хоризонти го задржува правото да врши промени во обемот и содржината на услугите од системот на Е&М клиент, сигурносните механизми, Општите услови и други акти на деловната политика на Хоризонти, корисничките упатства и други документи кои ја регулираат работата на системот на Е&М клиент.
Хоризонти не гарантира и не превзема никаква одговорност за начинот на кој Корисникот ќе го користи системот на Е&М клиент.
Хоризонти не превзема никаква одговорност за проблемите со комуникациските и други услуги кои се овозможуваат од трета страна.
Хоризонти не превзема одговорност за точноста на пополнетите електронски налози на Корисникот при користењето на платформата за електронско плаќање.
Со овозможување на 24 часовен пристап до услугите на Е&М клиент од страна на Хоризонти, Корисникот се смета за уредно и навремено известен за сите промени, како за состојбата на неговите заеми, така и за промените во работењето на Хоризонти. Динамиката на следење на објавените информации, увидот во состојбите и трансакциите се во целосна надлежност на Корисникот.
Доколку Корисникот на услугата Е&М клиент не се согласува со одредени промени во системот на Е&М клиент, должен е во рок од 15 дена да поднесе барање за откажување на услугата, а во спротивно се смета дека се согласува со предложените промени и истите во целост ги прифаќа.
Сите можни спорови ќе се настојуваат да се решат спогодбено, а доколку тоа не е можно, надлежен е судот според седиштето на Хоризонти.