Помош

  • Извештаи

    • Што претставува извештајот Инфо?
      • Инфо e извештај во кој се прикажуваат основните податоци и трошоците за заемот според состојбата во дадениот момент. Извештајот се прикажува за сите заеми независно од нивниот статус.
    • Што претставува извештајот Листа на уплати?
      • Во извештајот Листа на уплати се прикажуваат сите уплати за заемот независно дали се направени во филијала, банка или преку веб или мобилна апликација.
        Колоната Статус го прикажува статусот на уплатата. При праќање на рата преку веб или мобилната апликација статусот на уплата ќе биде непрокнижена и овој статус може да се задржи до 3 работни дена. Статусот ќе се промени во реализиран во рок од еден работен ден, откога средствата ќе бидат префрлени на сметката на Хоризонти.
    • Што претставува извештајот Амортизационен план?
      • Извештајот Амортизационен план се прикажува само за активните заеми. Истиот нуди целосен преглед на амортизациониот план на заемот и визуелно одделување на доспеаниот долг.
    • Што претставува извештајот Аналитичка картичка?
      • Извештајот Аналитичка картичка дава приказ за моменталната состојба на заемот како и детален приказ на сите трансакции направени за истиот.
    • Што претставува извештајот Состојба на долг?
      • Во извештајот Состојба на долг се прикажува состојбата на долгот на заемот на тековниот ден. Доколку во текот на денот се направи целосна или делумна уплата на долгот, состојбата ќе се промени откако ќе настане прокнижување на уплатата, најкасно 3 работни дена после уплатата.
    • Печатење на извештаите
      • За печатење на било кој извештај потребно е да го кликнете копчето Печати кое се наоѓа под секој извештај.
        - копче Печати
    • Зачувување на извештаите како pdf документ
      • Доколку имате потреба да зачувате некој извештај како pdf документ истото наједноставно може да го направите на следниов начин:

        • Најавете се на е-Клиент апликацијата преку Chrome прелистувач
        • Отворете го извештајот што сакате да го зачувате
        • Кликнете го копчето Печати. Ќе се отвори извештајот во преглед пред печатење.
        • Кликнете го копчето Change (сл.1) и од отворениот прозорец изберете Save as pdf (сл.2)
        • Кликнете го копчето Save (сл.1) и изберете локација каде да го зачувате извештајот.
        сл.1
        сл.2
  • Плаќање

    • Како да платам рата?
      • Плаќањето на рата се прави на страната Плати рата.
        Тука се прикажува вкупниот долг кој треба да го уплатите. Вкупниот долг претставува збир од вкупно доспеан долг и затезна камата пресметани до тековниот ден.
        Постапката за плаќање е следна:
        • Запишете ја сумата што сакате да ја уплатите и кликнете го копчето Продолжи.
        • Проверете дали е тоа сумата што сакате да ја уплатите. Доколку е точна штиклирајте дека се сложувате со условите за плаќање и кликнете Комплетирај ја уплатата. Доколку сакате да уплатите друга сума кликнете го копчето Назад.
        • Запишете го бројот на картичката, CVV2/CVC2 кодот и датумот на истекување на картичката од која плаќате. Доколку запишаните податоци се точни кликнете Потврди, во спротивно Ресетирај и запишете ги точните податоци.
        • Повторно проверете дали е точна сумата што ја уплаќате како и податоците за картичката. Доколку се е точно кликнете го копчето Плати. Во спротивно кликнете Назад.
    • Потврда за успешно плаќање
      • Ако сте направиле успешно плаќање на страната Плати рата, ќе добиете СМС порака на мобилниот број кој сте го оставиле за контакт во Фондација Хоризонти.
        Доколку немате оставено мобилен број за контакт, ден после уплатата, истата ќе се прикаже на страната Листа на уплати со статус непрокнижена. Статусот ќе се промени во реализиран во рок од еден работен ден, откога средствата ќе бидат префрлени на сметката на Хоризонти.